Во нашето училиште деновиве пристигна писмо до една реномирана македонска фирма со молба за помош од наша стана. Имено станува збор за изработка на клендар за претстојните новогодишни празници кои ке биде дизајниран од вас учениците.
Барањето кое ние мора да го исполниме е да ги употребиме, т.е. во крајниот продукт да преовладуваат боите кои се доминантни во знакчето на фирмата која е нарачател, да се употребат фотографии кои ке бидат соодветни за месецот, односно годишното време на кое припаѓа месецот, фотографиите сите да бидат во боја, а бројките од деновите на тековниот месец да бидат во долниот десен дел на листот од тековниот месец.
Вашите задолжение е да пребарате низ интернет и да видите кои се доминантните бои кај споменатата фирма, какви се решенија направиле други луѓе за истата задача, односно какви се календари постојат.
Фотографиите може самите да ги изработите или да искористите и стари ваши фотографии или можат бесплатно да се превземат од адресата:
http://photo.net/
Изработените дела можат да бидат изведени во најразновидни техники и материјали, односно можна е и достава на творби во дигитална форма (продукти изработени во Photoshop, MS Publisher, CorelDraw, итн.).
Потребно е во наредната седмица да создадеме продукти кои мораме да ги презентираме пред нарачателот на 28 декември, на која дата и ќе биде избран и награден најдобиот труд, а од останатите понудени дела ќе биде изведена и изложба на 29 декември во холот на училиштето!!!
СРЕЌНОООООО!!!!!!!!!!!
сабота, 22 декември 2007 г.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар